Создавање македонски текстилен бренд - спас од кинеската конкуренција

Bez autora
Mar 15 2011

Текстилната и кожарската индустрија во Македонија по кризата од 2009 година, од четвртиот квартал на минатата година работат со полна пареа. Сепак, за да финалниот производ биде конкурентен на странските пазари неопходно е државата да ги намали царинските стапки на репроматеријалите што се увезуваат од главно од Кина. Ова е ставот на Ангел Димитров, претседател на Здружението на текстилната индустрија и конфекцијата при Стопанската комора на РМ, кој смета дека домашните текстилци треба што поскоро да почнат да извезуваат наш домашен бренд или да даваат комплетна услуга за странските брендови. Зголемувањето на цената на памукот на светските берзи ги зголемија цените на македонските текстилни изработки, бидејќи 93 проценти од вкупното производство е насочено кон лон работењето, односно извоз на работна рака, а не наши брендови и готови стоки.

Создавање македонски текстилен бренд - спас од кинеската конкуренцијаТекстилната и кожарската индустрија во Македонија по кризата од 2009 година, од четвртиот квартал на минатата година работат со полна пареа.

Сепак, за да финалниот производ биде конкурентен на странските пазари неопходно е државата да ги намали царинските стапки на репроматеријалите што се увезуваат од главно од Кина. Ова е ставот на Ангел Димитров, претседател на Здружението на текстилната индустрија и конфекцијата при Стопанската комора на РМ, кој смета дека домашните текстилци треба што поскоро да почнат да извезуваат наш домашен бренд или да даваат комплетна услуга за странските брендови.

- Зголемувањето на цената на памукот на светските берзи ги зголемија цените на македонските текстилни изработки, бидејќи 93 проценти од вкупното производство е насочено кон лон работењето, односно извоз на работна рака, а не наши брендови и готови стоки - појаснува Димитров.

Во текстилната индустрија се вработени околу 42.000 работници или 40 проценти од вкупната преработувачка индустрија во земјава. Димитров смета дека царинската стапка за увоз на репроматеријали во земјава е поголема отколку во Германија и затоа е потребна нејзина корекција.

- На состанокот што го договоривме во Министерството за економија бараме да се намалат давачките од плата, особено придонесите да бидат според реалната заработувачка, а не на минималната основица која изнесува 50 насто од просечната бруто-плата што достига 14.500 денари - објаснува Димитров.

Според него во овој сектор придонесите во однос на нето-платата се качуваат за неверојатни 80 проценти, а во другите гранки учеството е околу 28 отсто. Просечната нето плата во текстилната индустрија изнесува околу 9.500 денари, а во моментов има недостаток на околу 1.000 текстилни работници во штипскиот реон каде што се концентрирани и најмногу текстилни фабрики.

Сашо Деспотовски, претставник на Стопанската комора, укажа дека со слични проблеми се соочува и кожарската индустрија.

- Во 2010 година од овој сектор извезени се 86,2 милиони долари кожени производи и обувки, што е 2,6 отсто од вкупниот извоз на земјава, а од нив 74,6 милиони долари се извоз на обувки. Истовремено увезени се кожарски производи и обувки во износ од 63,7 милиони долари, при што околу 50 отсто отпаѓа на обувките - информира Деспотовски.

Според него за последниве 6 месеци цената на кожата е зголемена за 300 насто, а на хемикалиите околу 15 проценти.

- Покрај овие проблеми нелојалната конкуренција исто така влијае на работењето на овој сектор, бидејќи во земјава се увезуваат обувки од Кина кои се поевтини од 2 евра - вели Деспотовски. Тој нагласи дека соседна Бугарија донела закон со кој не се дозволува увоз на обувки по цена пониска од 7 евра и смета дека нешто слично треба да се воведе и кај нас.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik